Се одржа традиционалната ноќна атлетска трка во Битола

Вечерва во Битола на Широк Сокак се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, која се организира секоја година како дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола.

На трката годинава зедоа учество околу 500 учесници, деца од основните и средните училишта, студенти и ветерани.

Трчаа низ Широк Сокак, а целта беше на плоштадот „Магнолија“.

На дел од најдобрите, односно најбрзите кои беа прогласени во категории, медалите им ги врачи и им честиташе новоизбраниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, кој ги поздрави присустните и учесниците на трката.

Организатор е Сојузот на спортови-Битола, во соработка со општината.

Сподели