Се одржа Цапарскиот карневал

0
2475

И годинава на Василица се одржи традиционалниот Василичарски карневал во Цапари.Пред присутните гости меѓу кои беше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска, жителите се претставија со маски од секојдневито, политиката,црквата, маски инспирирани од научно фантастичните филмови. Овој маскембал е дел од вековната традиција на маскирање на луѓето,со цел истерување на лошите духови.

Цапарските василичари точно напладне се  собраа на срет село, а продолжија по цапарските домови со вообичаениот  ритуал на изгонување на лошите духови по домаќинствата, каде од секој домаќин  добиваат по некој денар, впрочем таква била традицијата.

Порано карневалот започнувал на 13 јануари, вечерта кога доаѓала музиката и сите се собирале во селската кооперација до доцна во ноќта, а рано утрото во 8 часот по собирањето во Домот, се шетало по сите маала. Попладне по вртењето на мазникот со паре, се организирала игранка. Овој ден во минатото како што велат жителите, бил најсвечен ден за цапарци.


Жителите на селото велат дека нема податок кога почнал, но знаат дека во средината на минатиот век имало обид за забрана од тогашните власти. Има верувања дека Цапарскиот карневал е постар од Вевчанскиот.