ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ЈАВНАТА ДЕБАТА „ДАЛИ БИТОЛА МОЖЕ НА ТОЧАК ИЛИ НЕ?“

Младинската Асоцијација ИМКА Битола денеска oрганизираше информативно–едукативен настан “Дали Битола може наТочак?”. Од таму велат дека следејќи ги нивните активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следат и застапуваат темата за изградба на велосипедска инфраструктура во Битола.

„Нашата цел како граѓански сектор е да пробаме да ги седнеме на маса различните стручни лица, политички фактори, да ги објаснат работите. Ние како граѓани не мора да ги знаеме сите технички документации, градежни, урбанистички планови, планови за урбана мобилност и слично, овој информативен настан беше токму да се појасни цела таа приказна“ вели Виктор Илиев од ИМКА Битола.

На денешната дебата со свое стручно мислење и професорот Никола Крстаноски кој направи осврт кон наодите од анкетното истражување каде се вели дека дури 85 проценти велат дека возат велосипед, а на прашањето дали се чувствувате безбедно, со не одговориле дури 60,7 проценти. Најголем дел дури 77,3 прoценти рекле дека велосипедот го користат за рекреaција.

Пред присутните се обрати Маја Зарова-Силјановска од ЈП за урбанистичко планирање околу она што беше пред советниците на вонредната седница за потегот за велосипедска патека на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“.

Секретарот на општина Битола Борче Димитровски зборуваша за тоа што е напревно до сега, до каде е процесот и што следува.

„Сепак се надевам дека ќе надвладее рационалноста кај сите советнички групи бидејќи ова не треба да биде тема за политичка, уште помалку за партиска дебата. Факт е дека Битола како град мора да добие одредена вело инфраструктура“ вели Димитровски.

И утре пред советниците ќе се најде точката по однос на програмата за економски развој што на претходната седница не ја доби поддршката од мнозинството, притоа апостофирајќи да се прави разлика што е согласност за отпочнување на постапка, а потоа и конкретен проект кој ќе даде одговор на дилемите.

„Тука сакам да расчистам јасно една дилема. Во таа програма се предвидува изработка на проектна документација, а таа не е изведбена програма каде што се предвидуваат готови проекти. Затоа малку нејасни стануваат дебатите на некои од советничките групи и советници поединци кои што бараат презентација и да знаат за каков проект се работи, кога многу добро знаат дека оваа програма предвидува изработка на документација“ вели секретарот на Општина Битола.

Денешната дебата е дел од Проектот  „Поддршка на изборните реформи“ Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС)“.