Се случи 10-то јубијелно издание на фестивалот на дуети „Константин и Елена“ во Општина Могила. Дворот на ОУ „Гоце Делчев“ беше претесен да ги прими сите гости на овој фестивал, кој ја славеше македонската народна песна. На вечерта кога се славеше јубилејот на овој фестивал потсетување и за идејата како започна, како се реализираше низ годините и за идејниот творец и директор на фестивалот Фидан Шемовски.
Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски задоволен од посетеноста на фестивалот и убавата и весела атмосфера.
Во публиката многу гости од општината, од други градови, а тука беа и нашите иселеници во странство кои се во посета на родниот крај.
И колегите на градоначалникот на Могила, од околните општини дојдоа на овој настан, исто така и пратеници од Собранието на Македонија, како и советници од општинскиот Совет.
Почетокот на фестивалот резервиран за најмладите, Етно Илинден фолклорната група, Ансамблот за фолкор Гоце Делчев и фолклорниот центар Ансамблот Божилак со фолклорни групи од Дедебалци, Добрушево и Ношпал.
На фестивалската сцена и кларинетистот Дејан Лулески.
Градоначалникот на Могила ги поздрави гостите, им се заблагодарите на сите кои дале придонес во реализацијата на овој фестивал и ги повика да уживаат во вечерта.
Потоа следуваа пејачите дуети.
Меѓу нив и Соња Лозановска, која пошироката јавноста ја познава од времето и кога беше новинар во Тера Телевизија.
Забавата продолжи со македонската Фолк дива Сузана Гавазова.
Се развиори и оро пред фестивалската сцена.












