Се одржа 29-от традиционален марш „Димитар Илиевски-Мурато“

0
1118

Планинарскиот Спортски Клуб Пелистер во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест го организираше 29-от Традиционален марш.

Со пристигнувањето на учесниците на маршот на врвот Пелистер се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато.

На маршот  годинава учествуваа над 300 планинари од Грција, Босна и Херцеговина, Србија, Молдавија, Македонија и една планинарка од САД.

„Планинарите  повторно се сеќаваат на големиот подвиг и оддаваат почит на Димитар Илиевски-Мурато кој на 10 мај 1989 година го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест. Меѓу учесниците на  маршот, наши гости беа и планинарите Благој Лазаревски и Ѓорги Костовски, кои пред 29 години беа членови на македонската алпинистичка хималајска експедиција, кои се радуваа на големиот успех на Мурато, но воедно и тагуваа за несреќниот настан бидејќи како што е познато, откако Димитар го развиорил знамето, на враќање кон базниот логор го загуби својот живот во длабокиот снег на Хималаите“ веили Илина Ристевска член на ПСК „Пелистер“-Битола, организатор и домаќин на традиционалниот планинарски настан.

За подвигот од 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато посмртно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, од Македонскиот олимписки комитет е прогласен за Великан на спортот, а добитник е и на други награди и признанија.