На утрешната седница на Советот на Општина Битола една од точките на дневниот ред ќе биде и Програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2023 до 2025 година.
На Комисијата за јавни и комунални дејности беа соопштените сумите за наредните три години за оваа програма, како и проектите кои се планирани, а беше споменато дека еден од проектите кој следната година е предвиден за реализација е реконструкцијата на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.












