ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ПОДГОТВУВА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА ДОГОВОРИТЕ ЗА СТРУЈА НА УЧИЛИШТАТА И КОМПАНИИТЕ

Од АД ЕСМ информираат дека согласно Одлуките од владата за преземање на мерката за обезбедување непречено и сигурно снабдување со електрична енергија на јавните претпријатија, основните и средни јавни училишта и компаниите од прехранбената индустрија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, потребно е наведените потрошувачи да склучат договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба.

Поради зголемениот интерес од нивна страна за процесот  и условите на склучување на договорот, како и интересот на јавноста, информираме дека во наредните денови на официјалната страна на АД ЕСМ и ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје https://www.esm.com.mk/  ќе бидат објавени Договорите за снабдување за наведените компании и училиштата, потребната документација за склучување на договор, упатство  како и начинот на размена на документите. За истото, ќе биде повторно испратено и соопштение до јавноста со цел навремено информирање на засегнатите субјекти, се наведува во информацијата од ЕСМ.