Се помлади со тешки слики се хоспитализираат на Инфективното одделение во Битола

Денеска бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите во Битола е 76. Во двата ковид центри се хоспитализираат пациенти од Битола и градовите од регионот.

Во изминатите 24 часа нема починато лице, имало 8 примени пациенти и 7 испишани.

Во саботата бројот на хоспитализирани пациенти беше 85, од кои повеќето во тешка клиничка состојба. Вчера пак, бројот на хоспитализирани беше 74 пациенти. Загрижува што возраста на хоспитализираните се намалува, рече викендов директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска.

Таа вели дека во двата ковид оддели, Инфективното одделение и одделението за физикална медицина располагаат со слободни капацитети, но доколку има потреба ќе се активира Модуларната болница.

Заклучно со вчера во Битола имаше 659 активни случаи, додека само претходната недела беа регистрирани 314 нови случаи.

Сподели