Се поставуваат лед сијалици и во центарот на градот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ЈП „Комуналец“ Битола продолжува со поставувањето на лед сијалици низ градот.

Од таму информираат за поставување на лед осветлување во центарот на градот, односно пред Центарот за култура, потоа кај Црн мост, на улицата Васко Карангелевски.

Како што веќе беше соопштено, со воведеното ново менаџирање во осветлувањето, само  на улицата Васко Карангелевски е добиена заштеда од 9000 евра на годишно ниво.

Од пред извесно време обврската за грижата за осветлувањето на Битола, општината му ја довери на јавното претпоријатие Комуналец.

Share.