Се прави проценка на штетите од невремето во Преспа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Стручни комисии ќе вршат проценка на штетата направена од невремето што зафати дел од Преспа. Ова е одлучено на Советот на Општина Ресен на вонредна седница, што се одржа синоќа.

За помош за основните потреби на населението, како вода, средства за хигиена, гориво за екипите на терен ќе се одвојат пари од општинскиот буџет. Наскоро ќе биде отворена и жиро сметка за донации за оштетените, како и телефонски број и лице за контакт за пријавување на штетите или проблеми кои би се појавиле како последица од невремето.

Невремето и силниот град предизвикаа огромни штети на јаболковите насади во реонот на Долна Преспа. Штетите се огромни и речиси 100 % е уништен родот на јаболката, но зафатени се и оревите и сезонското овошје. Пустош  на овошните насади има во должина од 10 километри, бидејќи покрај плодот оштетении се и дрвјата.

Уништени се јаболката и овошните насади во селата Крани, Штрбово, Наколец, Љубојно, Долно Дупени. Граѓаните кои живеат во овој регион велат дека штетите се огромни и дека на одредени стебла нема ниту лист, ниту род, сѐ е уништено.

Оштетени се покриви, автомобили, а од паднатите дрвја во авто-кампот „Крани“ оштетени се приколките. Дрвјата кои беа паднати на патот што води кон селата се веќе отстранети и сообраќајот се одвива непречено.Последните информации се дека се нормализира состојбата, без струја и вода сеуште се Штрбово и Долно Дупени, но се прават напори да им се обезбеди до крајот на денот .

Вчера Министерот за внатрешни Спасовски, кој заедно со министерот за земјоделство, ги посетија населените места во Преспанскиот регион, рече дека владата веднаш ќе преземе мерки за состојбата да се санира и животот да се врати во нормала.

Share.