Се продава „апартманот на Тито“ во Њујорк за 12 милиони долари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Двокатниот луксузен апартман во Њујорк, сопственост на некогашна СФР Југославија, ќе биде понуден на продажба по цена од 12,1 милиони долари, а добиените пари ќе бидат поделени меѓу земјите наследнички на поранешната југословенска федерација, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Апартманот, кој има шест спални соби и четири бањи, беше користен од амбасадорите на СФРЈ во САД, а во него престојуваше и поранешниот југословенски претседател Јосип Броз – Тито за време на посетите на Њујорк.

Станот, кој од 1992 година стои празен, го купила некогашна СФРЈ во 1975 година за сума од 100.000 долари.

Во соопштението на српското Министерство се посочува дека од распадот на СФРЈ, трошоците за одржување на апартманот ги плаќа Србија, па затоа било договорно Белград да добие 40 проценти од сумата по која тој ќе биде продаден.

Share.