Се продава куќата на Дарт Вејдер – вистинско вселенско царство

Внатре во оваа прекрасна зграда има соби опремени со најмодерен мебел, големи плакари, разноврсен простор за живеење и огромни прозорци.

Прочитајте и: Човекот може да живее до 150 години тврдат научниците


Куќата од соништата за љубителите на „Војна на ѕвездите“ сега се нуди на продажба во Тексас. Сепак, не е многу лесно да се купи оваа луксузна вила, бидејќи не е многу ефтина и ретко кој може да си ја дозволи.
Имотот, познат како „куќата на Дарт Вејдер“, има 650 квадратни метри во областа Вест Универзитет Плејс во Хјустон, а неговата цена е 4.300.000 долари, објави Си-Ен-Ен.


Она што е интересно е дека куќата го добила своето име поради сличноста на надворешноста со кацигата на познатиот негативец од „Војна на ѕвездите“.


Изградена е во 1992 година и има четири спални соби, пет бањи и гаража за четири автомобили.

Сподели