ТЕРА

REKLAMA???

СЕ РАБОТИ НА КРАКОТ ОД ТОПЛОВОДОТ КОН УЛИЦА „ПАРТИЗАНСКА“

„Градежните машини за изградба на топловодната мрежа низ Битола денес се во населба Кланица! Се работи на кракот од топловодот кој оди кон улица Партизанска“ вака вчера информираа од ЕСМ Топлификација Битола.

Неодамна, кога беше дојден премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа во Битола, директорот на ДООЕЛ Топлификација Битола, Горан Козаров посочи дека „Битола добива топлификациски систем којшто е проектиран да работи и независно и да обезбедува топлинска енергија од 100 MW“.

Изградбата на трасата на топловодот, како што рече директорот Козаров, продолжува по битолските улици и во следните 18 месеци, низ Битола е предвидено да бидат изградени 10,5 километри топловод.