Се реконструира Булеварот под Безистенот

0
1333

Започнаа градежните активности на Булеварот Први Мај од мостот кај Безистенот до Ленски мост. Вчера и денес градежната механизација ја отстрануваше коцката. Поставена е и сообраќајна сигнализација, дека на улицата се изведуваат градежни работи.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска на својот фејзбук профил за градежните активности напиша:

„Треба да е брзо, експедитивно, ударнички квалитетно. И заради дуќанџиите, и за граѓаните и посетителите во градот. Аирлија да е “.

Минатата градежна сезона на Булеварот 1-Ви Мај беше променета водоводната и канализационата мрежа , и беше поставен коловозот на потегот од Ленски мост до мостот кој што се наоѓа на влезот од Старата битолска чаршија, поточно улицата позната како кај рибарниците.