Се реконструира влезот во Битола од страната на Прилеп

0
2917

Почнаа градежните активности за реконструикција на влезот во Битола од страната на Прилеп. Од бузетот на општина Битола ќе бидат издвоени над 8 мижлиони денари а дополнителни средства се обезбедени и од Јавното претпријатие за државни патишта. Градоначалничката Петровска рече дека градежните работи ќе се одвиваат согласно програмата за уредување на градежно земјиште на општина Битола .

-На мое задоволство денес започнуваме со изведбените активности на ул. „8 септември” – влезот во Битола од страната на Прилеп, којшто подолго време беше горлив проблем за Општина Битола. Години наназад овој зафат се наоѓаше во програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Битола, но за жал, ситуацијата беше таква – каква што ја гледавме до денешниот ден. Задоволна сум, што лобирањето до јавното претпријатие за државни патишта, во месец ноември беше успешно, така што заедно со претпријатието и во синхронизација со ЈКП „Нискоградба”, ќе го уредиме влезот во Битола. Синхронизираното делување е неопходно затоа што, ако се санира само асфалтот не е решение, затоа што во тој случај заради незаштитениот дел од водите кои што надоаѓаат би напукнал и не би имале успешна приказна. Затоа, одлучивме да работиме синхронизирано, така што Општина Битола со над 8 милиони денари влегува во инвестиција, во уредување во делот на канализационата мрежа во должина од над 400 метри, кој што е дел од булеварското решение од овој влез во нашата општина. Се радувам, што конечно, битолчани и сите посетители при влезот во Битола, нема да се соочуваат со дупките кои катадневно ги имавме во нашиот град”, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска

Градежните работи и реконструкцијата ги врши ЈП „Нискоградба“-Битола.

Булеварскиот влез, пак, ќе се уредува во фази, се до кончено завршување на постапката за експропријација. Додека трае првата фаза од реконструкцијата на коловозот, сообраќајот ќе се одвива со изменет режим, односно, наизменично ќе се вози  по една коловозна лента. Петровска рече дека паралелно со изведбените работи ќе ја отстранувааат и зачуваат камената коцка која досега била покривана со асфалт, и истата  ќе ја стават во функција на други инфраструктурни проекти.

Петровска изврши увид на обиколницата Прилеп-Битола-Охрид.

Овааа обиколница веќе подолг период е затворена за сообраќај а минатата недела беа украдени и семафорите.Во меѓувреме се поставени нови семафори.