Се реконструира кровот на Земјоделското училиште во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ – Битола се реконструира кровот и се препокрива објектот. Санацијата е овозможена со средства  од А.Д МЕПСО во висина од 2,500,000 денари. Ова битолско училиште е со 110 годишна традиција  и во последните децении не се памети поголем реконструктивен зафат. Училиштето беше маргинализирано во споредба со други школи во градот и не беа направени никакви вложувања и санации.

-Во моментов како најзначаен реконструктивен проект во училиштето е изведување на градежно-занаетчиски работи за препокривање и санација на кровот. Средствата беа обезбедени од АД МЕПСО. Нареден проект кој е во завршна административна фаза и се очекува да заврши до крајот на јануари  наредната  година , е промена на сите прозорци и главната влезна врата, со средства во висина од 20 000 евра добиени од USAID Македонија, вели Благојче Кривевски, в-д директор на на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола.

Според Кривевски во последната година со голема мотивираност  направени се  неколку клучни реновирања во самото училиште. Најпрво се обезбедени средства за реконструкција на санитарниот чвор предвиден за наставниот кадар во февруари оваа  година. Тековно беа реконструирани  и  бојадисувани училниците и беа поставени флип-чарт табли. Во повејќето училници ако претходно постоеше, додатно беше монтирано парно греење.

-Планирани се и ќе следат уште многу проекти  се со цел исполнување на визијата на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола училиштето да биде здрава и безбедна средина во која секој може да научи, да ги развива своите индивидуални перформанси и да стекне знаења и вештини кои успешно ќе ги применува во општествената заедница, напоменува Кривевски.

Во склоп на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола се изучуваат смеровите: ветеринарен техничар, техничар за агроменаџмент, фармерски техничар и техничар по хортикултура.

Share.