Се санираат улиците од Буково до Бистрица, па до Драгош

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Се работи на нови 4 километри од  патниот правец кон селото Бистрица. Со средства од Јавното претпријатие за државни патишта во вредност од 13 милиони денари, Македонија пат ги изведува инфраструктурните активности во и околу селото Бистрица.

„Блaгодарение на лобирањето кон централната власт, меѓутоа и дослухот на истата, се наоѓаме на потегот Битола-Бистрица, каде што се изведуваат активности од 13 милиони денари на санирање на патот, нешто што не се правело во изминатите 30 години и што потврдува дека како што ја започнавме, така и ја завршуваме годината. Во моментов активностите се изведуваат во опфатот од под селото Буково до крајот на селото Бистрица. Како ќе дозволат временските услови, ќе се работи и на потегот кон селото Драгош. Доколку не се стигне со реализација и до Драгош во оваа градежна сезона, истата ќе бизе завршена во пролетните месеци од наредната градежна сезона“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Новиот асфалт на патниот правец ќе обезбеди надополнување на санацијата која започна во месец април годинава и опфати дел од патот од излезот на Битола кон селото Бистрица.  Исто така, од страна на екипите на Македонија пат се санираа и неколку поважни улици во селото Бистрица. На патниот правец Битола-Драгош кон границата со Грција, гравитираат неколку потпелистерски села, чии жители фреквеквентно и постојано го користат овој патен правец, со чија реализација се обезбедува и поголема сигурност во сообраќајот.

Share.