Се санира пристапниот пат од Лера до акумулацијата Стрежево

0
1682

На барање на Здружението риболовци „Црна Река“ од Битола  ЈП Стрежево почна да го санира пристапниот пат од с.Лера према акумулацијата Стрежево. Патот претходно поради врнежите од дожд бил во лоша состојба, сега со санацијата како што вели директорот на ова јавно претпријатие, ќе им се олесни движењето на сите спортски риболовци кои што ја користат акумулацијата за рекреативен риболов.

Од Зружението велат дека санацијата на патот ќе се врши во етапи

Од Здружението „Црна Река“ од Битола велат дека овај пат е од голем интерес за нив. Освен што го користат секојдневно, значајна е санацијата и поради риболовниот натпревар кој што го организираат секоја година во месец август, а на кој учество покрај натпреварувачи од Македонија има и учесници од Балканот.Годинава Меморијалниот куп ќе се одржи по 23 пат.