Се санира ул.Солунска во Боримечка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Долгогодишните проблеми со калливите улици на жителите во населба „Боримечка“ веќе стануваат минато, откако за прв пат на улицата „Солунска“ во оваа населба, во должина од 600 метри, во тек е поставување на гребен асфалт. Општина Битола од денес започна со поставување на гребен асфалт на оваа локација, а за наредниот период до истекот на оваа градежна сезона ќе бидат санирани повеќе улици и патишта и во руралните населби.

Претходно на истата локација, пред 20-тина дена, од страна на ЈП „Комуналец“ беа изведени теренски активности во должина од над 300 метри, каде се работеше на чистење на каналот и на проширување на коловозот од двете страни. Со механизација на терен, се одвиваше косење на тревата, кастрење на гранките и рамнење на теренот, односно уличната површина. Со овие интервенции и во каналската и во патната инфраструктура, се намалува проблемот со насобирање на водата при врнежите од дожд и разнесувањето на калта за жителите од овој дел на улицата „Солунска“, се вели во соопштението од општина Битола.

Share.