Се слави Св.Трифун

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Секоја година на 14 февруари православните христијани го слават свети Трифун. Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност. На 14 февруари винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето.Некои битолчани кои што ги анктиравме, верни на традицијата со чаша црвено вино ќе го одбележат празникот.

Некои пак велат дека порано повеќе граѓаните го славеле Св.Трифун

Кај народот за овој празник се поврзуваат различни обичаи и приказни. Снегот може сѐ уште да изненади, но тоа се сметало за симбол на бериќетот.

Легендата вели дека свети Трифун е роден во селото Кампсади во Фригија и дека живеел во третиот век. Родителите му биле сиромашни, па уште од дете за корка леб ги чувал гуските на богатите мештани. Една легенда, пак, вели дека уште од детството имал исцелителска моќ, а за овие негови способности дознал и тогашниот римски император Гордијан, чија ќерка Гордијана била душевно болна, а никој од лекарите не можел да ѝ помогне. Во таква состојба, вели легендата, еднаш од неа прозборувал лошиот дух дека никој не може да го протера освен Трифун. Но бидејќи не рекол за кој Трифун станува збор, царот наредил да му се донесат сите со тоа име и да пробаат да ја излекуваат ќерка му. По извесен период, во малоазиската Фригија царевата војска го наоѓа и малото скромно момче Трифун и го носи кај царот во Рим. Сиромашното момче веднаш ќе ја излекува девојката, а царот богато ќе го награди, но момчето при враќањето дома по пат им ги разделува сите дарови на сиромашните. Кога се вратил во своето село, продолжил да живее како и порано, да ги чува гуските. Разбирајќи за неговата моќ, новиот цар Дакиј, голем противник на христијанството, ќе нареди момчето да го затворат во ќелија и да го изложат на најголемо мачење. Но Трифун ќе ги поднесе сите мачења, сѐ додека не е прободен со меч. Имал само 18 години.Според една друга верзија, свети Трифун бил заврзан за коњ и така влечен по камења и трње, а починал пред самиот чин на егзекуцијата.

Share.