Се спроведува дезинсекција со цел уништување на комарците

0
1379

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола во понеделникот започна со спроведување на првата фаза од теристичката(од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

На оваа тема во денешниот Актуел разговараме со прим. д-р Елизабета Крстева в.д. директор на Центарот за јавно здравје-Битола.