Се удави девојче во базенот „Довлеџик“ во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

14 годишно девојче од Битола денес се удави во базенот „Довлеџик“ кој е затворен.  Според информациите на полицијата немилиот настан се случил денека околу пладне. Базенот Довлеџик е во сопственост на ЈП „Стрежево“ но под концесија бил издаден во 2017 година на фирма од Битола.

-По дојавата дека имало немил настан на базенот „Довлеџик“ ние како раководство од ЈП „Стрежево“ веднаш дојдовме тука за да видиме што се случува. Во април месец 2017 година објектот е даден под кирија во трање од 15 години, на компанија која што ќе стопанисува во наредниот период. Концесијата е дадена од поранешното раководство. Мене ми е жал што ова се случило и за овај изгубен млад живот. Упатувам сочуство до семејството. Јас сум изненаден што во овај период кога го стопанисува друг објектот во најмала рака би требало да има обезбедување на објектот за да не се случуваат вакви немили настани, рече Менде Граматковски, директор на ЈП Стрежево“.

Од Клиничката Болница во Битола велат дека девојче на возраст од околу 13 до 14 години било донесено на Ургентното Одделение во безживотна состојба без никакви знаци на живот, после пад во базен во Битола.

-И покрај упорноста на екипита на Ургентното Одделение и извршената  реанимацијата за жал се беше безуспешно . Девојчето за краток период ќе биде пренесено на патологија, рече портпаролот на Клиничката Болница од Битола Сузана Конеска.

Случајот понатаму го превзема МВР и Обвинителството.

 

Share.