Се уредува тротоарот на булеварскиот влез на Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На влезот во Битола на улицата „8 Септември“ и на булеварот „1 Мај“, се работи на поставување на нови тротоари. Се очекува во текот на наредните денови да се направат тротоарите, лоцирани на фреквентни локации во градот.

„Во рамките на инфраструктурните активности, на улицата „8 Септември“ се уредува тротоарот, а паралелно со оваа локација се уредува и тротоарот на булевар „1 Мај“, под музичкото училиште. Двете локации имаат опфат од 600 метри, каде што со директни средства од Општина Битола од над еден милион денари се уредуваат тротоарите на двете улици. Покрај овие активности, во полн ек се и останатите градежни работи кои што се во тек. До крајот на оваа градежна сезона, се очекува сите зафати да бидат затворени. Во зависност од тоа како понатаму ќе се одвиваат временските услови, така ќе се движиме и со градежните зафати. Во следните денови ќе има уредување и на одредени патишта и улици во руралните средини со поставување на гребен асфалт, со што ќе се подобри инфраструктурата на територијата на цела општина“, рече градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Паралелно, со полна пареа се работи и на магистралниот пат Прилеп-Ресен, на потегот на обиколницата над Битола.

 

Share.