Се урна авион на аеродром во Непал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Авион се урна на меѓународниот аеродром во Катманду, главниот град на Непал, а на социјалните медиуми се појавија слики и снимки на кои наводно се гледаат остатоците од авионот.

Авионот – кој ѝ припаѓа на бангладешката авиокомпанија Бангла – наводно се урнал на источната страна на пистата на Меѓународниот аеродром Трибхуван. На фотографиите и видеата објавени на социјалните медиуми се гледа како од пистата на аеродромот се извива чад.

Официјално, не се пријавени загинати, но портпаролот на аеродромот за Катманду пост изјави дека се очекуваат жртви. Во авионот имало 67 патници, а околу 17 лица веќе се спасени од местото на несреќата, вклучувајќи четворица членови на екипажот, рече портпаролот на аеродромот, пренесе Ројтерс.

mkd.mk

Share.