Се урна карпа на плажата Навагио на Закинтос

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На популарната плажа Навагио, на грчкиот остров Закинтос дошло до одрон.

Најмалку три лица се повредени и однесени во локалната болница.

Дел од карпата се одронил од карпестиот ѕид висок 200 метри претпладнето додека на плажата имало бројни туристи. Во моментот кога дошло до одрон настанала голема паника.

Плажата Навагио се смета за една од најубавите плажи во светот и е популарна кај љубителите на екстремни спортови.

Неколку мали бротчиња се превртеле од силата на падот кој предизвикал високи бранови, изјави сведоците за властите.

mkd.mk

Share.