Се урна српски воен авион

0
540

Српски воен авион се урна утрово во близина на местото Ковачица во јужен Банат, при што загина еден од пилотите, а вториот е во критична состојба.

Според неофицијалните информации двајцата пилоти се катапултурале пред уривањето на авионот. Инцидентот се случил околу 9:30 часот.

Повредениот пилот е пренесен на Воено медицинската акдемија (ВМА) во Белград.