Се утврдуваат причините за авионската несреќа во Русија

0
223

Руските истражители се обидуваат да ја утврдат причината за несреќата на авионот во близина на Москва во која загинаа сите 65 патници и шестмина членови на екипажот.

Засега се испитуваат сите претпоставки- од климатските услови, човечки фактор или технички проблеми, но не се споменува тероризам.

Авионот „антонов Ан-148“ на компанијата Саратов ерлајнс се урна во неделата неколку минути по полетувањето од аеродромот Домодедово.

Руската агенција Тас пренесе дека авионот се урнал на полјана во близина на селото Аргуново југоисточно од Москва и дека при падот никој на тлото не е повреден.

Авионот исчезна од радарските системи 4 минути по полетувањето за Орск, град во Урал. Се урна во областа Раменски на околу 7 километри од Москва, во близина на селото Степановскоје.