Од „Водовод“ информираат дека по неколку обиди да се стабилизира водоснабдувањето, се прават напори после полноќ да се заврши со санација на дефектот кај Црн мост.
Интеревнцијата трае повеќе од девет часа, екипите се сеуште на терен, а како што веќе информираа од јавното претпријатие поради дефект на азбестна цевка Ф- 350, со прекинато водоснабдување се корисниците од повисоките места на населба Баир ( над улицата Илинденска.)
Од претпријатието упатуваат големо извинување до оние домаќинства кои немаат редовно снабдување со вода и благодарност за разбирањето за како што велат од „Водовод“ сериозниот проблем со азбесните цевки, заради што интеренцијата трае подолго од планираното.















