ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,6 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ МЕКСИКО

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Мексико.

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити, каде што по потресот граѓаните почнале да излегуваат од зградите на улиците.

Според првичните информации едно лице загинало откако врз него се урнал потпорен ѕид во трговски центар, а голем број се повредени.

Американскиот центар за предупредување од цунами во Тихиот Океан издаде предупредување за цунами во делови од брегот на Мексико, велејќи дека се можни бранови кои достигнуваат 1 до 3 метри над нивото на плимата.

Земјотресот се случил на годишнината од двата големи потреси во 1985 и 2017 година.

На 19 септември 1985 година, земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтер во Мексико Сити уби повеќе од 10.000 луѓе и уништи стотици згради.

На годишнината од тој земјотрес во 2017 година, земјотрес со јачина од 7,1 загинаа околу 370 луѓе, главно во главниот град.