Силен тајфун ја погоди Јапонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Силен тајфун се движи кон североисточниот дел на Јапонија до островот Хоншу, откако погодил делови од јужните острови со силен дожд и ветрови кои предизвикале поплави.

Тајфунот Тапах денеска поминал во близина на Нагасаки, откако претходна два дена погодил други делови на јужна Јапонија, вклучувајќи ја и Окинава.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека тајфунот се движел североисточно со брзина од 30 километри на час, со максимални брзини на ветрот од 162 километри на час.

Јапонските авиокомпании биле принудени да откажат 412 летови.

Share.