Силна бура ја погоди Москва

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Москва беше погодена од силна бура во која што загина едно девојче, а десетина лица се повредени, објави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

„Според потврдени информации, бројот на повредени во ураганот се зголеми на 12. Лекарите не успаа да го спасат девојчето кое беше во критична состојба. Искрено сочувство за нејзините родител“, напиша Собјанин на Твитер.

Сабјанин навел дека дувал урагански ветер.

– Од корен се искорнати повеќе стотици стебла. Градските служби почнаа да го чистат градот – додава Собјанин.

Околу 440 домаќинства останале без струја во регионите Владимир, Тула, Твер и Иваново, соопштиле службите за вонредни ситуации.

Share.