Силниот ветер кој синоќа ја зафати Битола и кој на моменти имаше удари кои достигнуваа и до 60 км/час урна неколку дрвја во градот. Од јавното претпријатие „Комуналец“ велат дека досега имало 8 случаи, а нивните екипи работат на санирање на состојбата.

Имаше и случај кога се урнале врз автомобил.

Ветрот кој ги разнесе лисјата низ улиците на Битола, денеска им отвори работа на нивните екипи за собирање и товарење.














