ТЕРА

REKLAMA???

СИЛНИОТ ВЕТЕР УРНА ПРЕКУ 100 МОЛИКОВИ СТЕБЛА НА ПЕЛИСТЕР

Силниот ветер кој деновиве го зафати регионот и кој достигна брзина и над 80 км/час, предизвика штети и во Националниот парк „Пелистер“.

Преку стотина моликови стебла стари и по повеќе од 200 години се искршени од силниот ветер, за кој како што вели директорот на националниот партк „Пелистер“, Иванчо Тошевски, досега на ова место не бил запаметен ветер со такви силни удари.

Фотографиите ги објави Јане Ацевски, професор од шумарскиот факултет во Скопје, кој вели дека скршено е и најстарото стебло на Молика старо скоро 250 години и дека оваа е стара шума, која природно ќе изумре.

„Црвен трулеж плус ветер од 80 километри на час, уништена најстарата шума во Македонија“ напиша во својата објава професорот Ацевски.

Директорот на националниот парк вели дека нема простор за паника, дека тоа е нормален процес и додава дека важна е поддршката на пошироката јавност за она што е потребно да се направи, а тоа е процесот на обновување на моликовата шума.

„Процес на фитосанитарна сеча само во активната зона на користење преку десет годишниот план за обвнова на шумата е решението за проблемот, а овој план е изготвен во соработка со Факултетот за шумарство при универзитетот „Св. Кирил и Медотиј“ вели Тошевски.