ТЕРА

REKLAMA???

СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО КИНА И АВГАНИСТАН

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, соопшти кинескиот центар за земјотреси.

Засега нема информации за жртви.

Неколку минути по потресот, според кинескиот центар за земјотреси, втор земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погодил градот Јаан во близина на Лудинг.

Инаку, силен земјотрес во текот на ноќта го погодил и североисточен Авганистан.

Најмалку осум лица ги загубиле животите во земјотресот, а предизвикана е и сериозна материјална штета.

Според американскиот геолошки институт, земјотресот во Авганистан бил со со јачина од 5,3 со епицентар во близина на Џалалабад.