ТЕРА

REKLAMA???

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА, СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА

Центарот на Трст денеска беше поплавен откако силен дожд и невреме го погодија овој североисточен италијански пристанишен град, а невремето потоа се префрли во соседна Словенија, каде поради поплавите во неколку области мораа да интервенираат пожарникарски екипи.

Многу граѓани и туристи во Трст се засолниле во угостителските објекти на и околу крајбрежниот плоштад „Италијанско единство“.

Ветровите однесоа многу маси и друг мебел од кафулињата на отворено.

Невремето во рок од само 20 минути исфрли огромно количество вода врз центарот на градот, по што небото се расчисти.

Северна Италија и денеска се соочува со многу силно невреме, што почна за време на викендот, со многу провинции погодени од дождови, грмотевици, силни ветрови и лизгање на земјиштето, меѓу другите екстремни случаи.

Висок водостој е забележан и во Венеција, која се наоѓа појужно.

Управата за заштита и спасување на Република Словенија извести дека пожарникарите морале да интервенираат околу пладне поради поплави во областите на Толмин, Нова Горица, Загорје об Сава, Лашко, Велење и Целје, пишува словенечката агенција СТА.

Прекини на струја се забележани во словенечкото приморје, а невреме со град е регистриран во градот Ајдовшчина.

Дел од Хрватска, особено северното приморје и регионот на Истра денеска е зафатено од невреме. Дожд со грмежи ги зафатија Пореч и Умаг пред неколку часа.

Но, нов посилен фронт на бура со многу молњи пристигна над западниот дел на Истра, а кај Ровињ се појавила големо торнадо.