Силно невреме ја зафати и Битола

Попладне имаше развој на нестабилна облачност во подрачјето околу Кичево, во планинските подрачја во западните и источните делови, како и во делови од Скопската и Полошката Котлина, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност со поинтензивен пороен дожд имаше во подрачјето на Кочани, Виница, како и во Дојран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Силно краткотрајно невреме ја погоди и Битола. Силен дожд и електрични празнења. Неколку улици во градот беа поплавени од силниот дожд, а граѓани реагираа и за поплавувања на нивни дворови и подруми.

До вечерните часови на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за нестабилност до крајот на денот има и во Скопската Котлина.

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, а околу пладне и попладне на повеќе со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Сподели