Престедателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова синоќа од митингиот во охрид им го честитам почетокот на кампањата на учесниците во парламентарните избори од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

„Навистина, кога ,,Македонија е твоја” и ,,Македонија е горда” ќе се пресретнат и ќе тргнат напред, сигурна сум дека Македонија како твоја и како горда ќе победи!

Се наближува 24 април, а по него и 8 мај, дојде моментот кога сакам да ви кажам дека токму на овие дати ќе одлучите дали Македонија како твоја и горда навистина ќе биде проевропска бидејќи ако Македонија не е твоја и ако не е горда не може да биде ниту европска држава.

АСНОМ што ќе го славиме годинава, за мене ќе биде не антифашистичко, туку антикоруптивно и антикриминално заседание на народното ослободување на Македонија од авторитарната власт“ рече Силјановска-Давкова.











