Силјановска: За амандманите за Законот за јазици мораше да се расправа

0
317

Професорката Гордана Силјановска Давкова во  гостувањето на Ноќно студио на Телма изјави дека се чувствува засрамено поради начинот на кој е изгласан Законот за употреба на јазиците при што не беа почитувани процедурите.

-Процедурата е гаранција за демократијата. Првото прекршување е уште на почетокот на процеспот, владата го испраќа предлог закон со европско знаменце, а за тоа мора да се наведе која европска директива со која се усогласува законот. Џафери требаше да го врати законот на влада поради европското знаменце на него. Требаше да се тргне европското знаме од него,затоа што тоа е важно за земји кандидати за да не се злоупотребува, смета Гордана Силјановска Давкова, професорка на Правниот факултет во Скопје.

Според неа, основа на демократијата е расправа за амандманите и за нив морало да се расправа. Силјановска вели дека во сите земји таа пракса се применува.

-При расправата по амандманите е најважно за да се види дали нешто е погрешно. Секој амандман треба да се разгледа посебно, смета Силјановска.

Таа смета дека е пропуштен и 30-дневниот рок во кој треба да се изведе третото гласање во Собранието по вето од претседателот на државата.

-Ако законот не биде уреден во тој рок со разгледување на амандманите тогаш се појавува ситуација како законот да го нема, вели Силјановска во Ноќно студио на Телма.