Симулација за гасење на пожар на отворено

0
350

Како да се реагира и како да се постапува во случај на пожар на отворено? Денес Дирекцијата за заштита и спасување со симулација за гасење на пожар за вработените од ЗИК Пелагонија. Обуката ја изведоа експерти од Дирекцијата во соработка со ТППЕ од Битола.

Правните субјекти се должни да ги следат одредбите од законот за заштита и спасување, велат од Дирекцијата .

Во пресрет на летото од Дирекцијата за заштита и спасување упатуваат апел до граѓаните да не се палат стрништа на отворено , бидејќи последиците од пожарите можат да бидат со голема материјална штета, но за жал можат да бидат и животно загрозувачки.