ТЕРА

REKLAMA???

СИМУЛАЦИЈА: КАКО КУЧЕТО БЕН СПРЕЧИ КРИУМЧАРЕЊЕ НА ДЕВИЗИ

Службата за царински кучиња се дел од мобилните тимови на Царинската управа и според царинарниците тие се драгоцени асистенти за поголема ефикасност во запленувањето и спречувањето на нелегална трговија.

Едно од нив во службата е Бен, куче во униформа и со посебни овластувања.

Во репортажата на „Рацин.мк“, кои поминаа еден ден на терен со мобилен тим на Царинската управа се вели дека царинарниците ги сметаат кучињата за драгоцени асистенти за поголема ефикасност во нивната работа.

За камерите на „Рацин.мк“, царинарниците и Бен симулираа постапка за контрола и откривање на обид за нелегално пренесување на девизи.

„Овие царински кучиња се пасивни царинскикучиња. Што значи тоа? Тоа значи дека кога ќе имаат некоја индикација за нешто, не гребат по возилото, туку едноставно само седнуваат на местото (каде што почувствувале нешто).

Што е карактеристично за е нив? За прв пат во историјата на Царинска Управа и во службата за царински кучиња,  можат да детектираат повеќе супстанци. Да детектираат криумчарење на оружје, на муниција, на различни видови дроги, екстази, како и на пари“ објасни Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови на ЦУ на Северна Македонија во изјавата за „Рацин.мк“.

Видеото што следува заедно со изјавата е снимена и реконтруирана целата постапка контрола и откривање на цариниците од мобилните тимови, како и асистенцијата на кучето Бен.