Симулација: Kако во случај на земјотрес

0
1281

Симулација во ОУ „Коле Канински “ во Битола, акција за спасување на ученици во случај на земјотрес. Како да се реагира, како се постапува во случај кога има повредени, лица како тие се извлекуваат и што доколку има и пожар.
Против пожарната единица, итната медицинска служба, лица од дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст денеска симулираа ситуација состојба после земјотрес.

-Во рамки на оваа акција беа применети план за евакуација и средства за паника, извршивме обука на 10 професори за да реагираат и дадат прва помош на ученици, а во последната фаза реализиравме акција на терен ,односно извлекување на повредени ученици од опожарена просторија и помош на ученици во затворен простор за што беше поставена жичница на највискиот кат на училиштето, изјави Драги Павловски, Црвен Крст-Битола.

Почетокот на симулацијата го најави неприкинато ѕвонење на училишното ѕвонче со што техничкиот персонал заедно со наставниците пристапија кон превземање на соодветни заштитни мерки за евакуација и спасување, при што според план за евакуација учениците и персоналот беа евакуирани од зградата.
По нив веднаш интерверираше противпожарната единица за извлекување на повредени лица од зградата, а лица обучени при прва помош од Црвен крст Битола ги санираа повредите на лицата, се до пристигнувањето на итната медицинска помош која ги превзеде повредените.

– Во мобилизациската вежба, битолските пожарникари интервенираа во опожарени училници каде заради голема зачаденост извлекувавме ученици. Оваа вежба е добра поука за сите и затоа треба да биде организирана во сите училишта, изјави Костадин Поповски командир на ТППЕ

Симулационо показната вежба беше оценета како успешно завршена.

-Ако анализираме каква беше реакцијата на учениците пред две години и сега, слободно можам да кажам дека сега учениците беа поподготвени и брзо, но смирено и без паника реагираа. Затоа советуваме често организирање вакви и слични вежби, изјави Костадин Поповски командир на ТППЕ

Денешната симулација ја следеше и градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска. Вакви вежби се одржувале и низ други градови во македонија.