Синот на Боб Марли на овогодинешниот „Д – Фестивал“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

За овогодинешниот јубилеен 10ти Д Фестивал кој што ќе се одржи во Дојран од 3ти до 5ти јули вниманието го привлече 43 годишниот Ки-Мани Марли, син на легендарната реге ѕвезда Боб Марли, кој веќе го потврди својот настап на ова издание на Д Фестивал. Ки-Мани Марли продолжи по стапките на својот татко да ја шири пораката кој тој ја остави „Мир, еднаквост, единство, односно почуствувај ја љубовта“ кое е и мотото на фестивалот.

Ки-Мани Марли (роден на 26 февруари 1976 година) е јамајкански реге и хип-хоп уметник. Неговото име е со потекло од Источна Африка и значи „Авантуристички патник“. Тој е единственото дете на Боб Марли со Анита Белнавис, Почнувајќи од 1996 година, Марли досега има издадено седум албуми.

Освен Ки-Мани Марли на овој фестивал во програмата ќе се најдат и ЛД Пистолеро, Телемама, „Партибрејкерс“, германското електронско дуо „Бука шејд“ и легендата на светската транс сцена Астрикс, а на фестивалот ќе се одбележи и половина век Златно славејче.

 

Share.