ТЕРА

REKLAMA???

СИНОЌА ПРОБЛЕМИ СО СТРУЈАТА ВО НЕКОЛКУ ПЕЛАГОНИСКИ СЕЛА И МАРИОВО

Во синоќешната информација од Центарот за управување со кризи која до медиумите беше проследена околу 19:30 часот ја пренесоа информацијата од ЕВН  дека без електрична енергија се и села од Пелагонија и Мариово.

Горно и долно Агларци , Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.

Исто така беше наведено и дека тимовите беа ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

Инаку вчера попладне нестабилно беше на повеќе места и според УХМР повремено поинтензивни процеси имаше во северните делови (делови од Скопската Котлина, Велес Куманово, Тетово) делови од Тиквешијата, како и делови од Пелагонија и Мариово.