Синоќа се протестираше со автомобили против мерките и вакцинацијата

Синоќа во Битола се одржа протест со автомобили кој започна од 18 часот од Нова Битола и продолжија да кружат низ градот. Учесниците во протестот велат дека протестираат против присилната вакцинација и рестриктивните мерки
Игор Петковски, вели дека народот го крева гласот и дека се собрани без никаква партиска и политичка организација.
Велат, добивме ограничување на слободата, започна дискриминација и се со цел насилна вакцинација. Според него, мерките се носени од око, без никаква претходна консултација со стручни лица, без да се слушнат различни мислења.
Петковски вели дека не зборуваат како антиваксери, туку како луѓе кои се присилени да се вакцинираат со одземање на слободата за неограничено движење, работните места и нормално функционирање.

„Бараме искреност и претставување на сите придобивки од вакцината, презентирање на сите нус појави и откривање на содржината на вакцините. И за крај, бараме веднаш да се повлечат сите рестрикции и забрани“, вели Петковски.

Најавува дека протестите ќе продолжат со засиленост веќе во недела 28.11.2021 со нов термин во 12:00 часот на пладне на плоштадот Магнолија.

Сподели