Сириската воздушна одбрана ги пресретна ракетите во нападите предводени од САД

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дамаск ја активираше својата противракетна одбрана против ракетите што ги лансираа САД и нивните сојузници против цели на сириската влада.

Според сириската влада, САД и нивните европски партнери лансирале околу 30 ракети. Сириската воздушна одбрана успеала да интервенира кај една третина од нив.

Во нападите во петокот беа лансирани над 100 ракети во Сирија, изјави за новинарите американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис. Останува нејасно кое оружје било искористено, но САД лани распоредија 59 проектили „томахавк“ против воздухопловната база Шајрат во Сирија.

„Искористивме нешто над двојно поголем број оружје оваа година отколку што користевме минатата година“, рече Матис во петокот. „Бевме многу прецизни и пропорционални, но во исто време ова беше голем удар“.

mkd.mk

Share.