Сирија го одбранила Дамаск од ракетен напад

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сириската противвоздушна одбрана пресретнала неколку ракети над Дамаск синоќа кои дошле од југозападот преку Голанската висорамнина под контрола на Израел, јавија сириските државни медиуми.

Официјалната новинска агенција САНА, повикувајќи се на воени извори, објави дека противвоздушната одбрана веднаш ги пресретнала и соборила непријателските ракети кои нешто пред полноќ дошле од насока на окупираната Голанска висорамнина.

Ракетите, кои неофицијално ги испукал Израел, целта им бил југозападниот дел на Дамаск, изјави за агенцијата ДПА сириски воен извор.

mkd.mk

Share.