Сите жртви во нападот во Крим убиени од огнено оружје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Руски официјални претставници соопштија дека 18 годишен ученик го извршил вчерашниот напад во неговото техничко училиште на Крим каде што убил 19 луѓе, главно ученици, а 53 ранил пред да се самоубие. Се уште не е јасно дали во бројот на убиените е и напаѓачот. Дванаесет од повредните во нападот што се случи во градот Керч биле во животна опасност. Ова е најголемиот ваков инцидент на Крим откако Русија го анектира овој полустров од Украина во 2014 година. Сведоците го идентификуваа напаѓачот. Станува збор за Владислав Росљаков кој сите свои жртви ги убил со огнено оружје. Руските власти тврдат дека не се работи за терористички чин, туку за масовно убиство извршено од едно лице.

Руските власти соопштија дека 18-годишниот студент Владислав Росљаков, кој вчера попладне го изврши нападот во колеџот во Крим во кој и самиот студирал, имал дозвола за поседување оружје. Еден од очевидците рекол дека истрелите траеле најмалку 15 минути. Нападот бил проследен и со експлозија во зградата, според изјави на очевидци.

Рускиот истражен одбор, највисоко истражно тело во земјата, соопшти дека напаѓачот е снимен со надзорните камери како влегува во колеџот за технички науки во градот Керч и отвора оган кон учениците.
Рускиот претседател, Владимир Путин, кој е во посета на Египет, рече дека нападот е трагедија и упатил сочувство до семејствата на жртвите.

Share.