Сите репрезентативци од Еурофарм Пелистер изборија пласман на ЕП 2022

Сите повикани репрезентативци, членови на Еурофарм Пелистер се квалификуваа на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година. Најамалку единаесет ракометари се изборија со селекциите на Македонија, Црна Гора, БиХ и Хрватска да играат на континентналниот собир.

Македонија: Никола Маркоски, Велковски, Костески, Маџовски (резерви Кузманоски и Кукуловски)
Црна Гора: Радовиќ
БиХ: Периќ, Граџан, Стјепановиќ, Вегар
Хрватска: Кушан, Мараш

Шешири за ждрепката за ЕП:
Шешир 1: Хрватска, Шпанија, Португалија, Норвешка, Словенија, Германија,
Шешир 2: Австрија, Унгарија, Русија, Шведска, Србија, Данска
Шешир 3: Македонија, Словачка, Белорусија, Чешка, Франција, Исланд
Шешир 4: БиХ, Црна Гора, Холандија, Полска, Литванија, Украина

Ждрепката за Европското првенство, кое се игра во Унгарија и Словачка, закажана e за шести мај од 17:00 часот во Будимпешта.

Сподели