Mинистерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, во „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека фотографирани граѓани кои не добиле патна исправа се околу 105 илјади.
Тие кои се фотографирани заклучно со вчера, би ги добиле пасошите ако оди динамиката како што треба, ќе ги добијат максимум за месец и половина.
Во овој момент, Тошковски информира, на активниот телефонски број за закажување за вадење нови лични документи има 75.000 нови закажувања за фотографирање.
Додава и дека во текот на изминатите денови се направени презакажувања за дополнителни 56 000 лица кои претходно имале закажано термин за фотографирање за во јуни, јули или август.
Тошковски повторно ги повика пратениците од СДСМ и од ДУИ да го изгласаат Законот за патни исправи, а луѓето од другите „фели“, како што нагласи, да не се мешаат во правото затоа што овде нема „фаул“ освен што има мака за граѓаните.












