Сите 12 деца и тренерот се извадени од пештерата во Тајланд

0
1061

Сите 12 момчиња, кои повеќе од две недели беа заглавени во тајландската пештера Там Лунаг, се извадени на безбедно. Во пештерата останаа само четирите „жаби“ – тоа се лекар и тројца припадници на морнарските „Фоки“ кои ги поддржуваа момчињата.

Спасувачката мисија траеше три дена. Во неделата беа извадени четири, вчера уште четири и денес останатите четири момчиња и тренерот.